Најплатената славна личност за 2020 – Заработила многу повеќе од Роналдо, Федерер и Меси заедно (ФОТО)

инстаграм

Магазинот Форбс неодамна на Кајли Џенер и ја одзема титулата најмлада милијардерка во светот и го обвини нејзиното семејство дека умешно ја зголемува вредноста на нејзиниот козметички бренд, но таа сега повторно се најде на врвот од нивната листа.

Овој пат станува збор за најновата нивна листа со сто најплатени славни лица која ја објавуваат секоја година. Кајли со заработка од 590 милиони долари го зазема првото место, речиси за три пати повеќе од нејзиниот зет Канје Вест кој се наоѓа на второто место со заработка од 170 милиони долари.

инстаграм

На третото место се најде Роџер Федерер со 106,3 милиони, потоа Роналдо (105 милиони) и Меси (104 милиони). На шестото место е актерот Тајлер Пери (97 милиони), а следат Нејмар (95,5 милиони), Хауард Стерн (90), Леброн Џејмс (88,2) и Двејн Џонсон (87,5).

Кајли заработила повеќе отколку Вест, Федерер и Роналдо заедно, а за тоа придонесе и продажбата на 51% од уделот во козметичката компанија „Coty“ за 600 милиони долари.

Инаку, 100-те најплатени славни лица во светот заработиле вкупно 6,1 милијарда долари (пред одбивање на данокот), што е за 200 милиони помалку отколку минатата година.

Форбс вели дека за тоа е заслужна пандемијата на коронавирусот поради која се откажани многу спортски и културни настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот