Најмладите репрезентативци достојно ја претставија Македонија на Медитеранскиот куп во пинг понг
Македонските репрезентативци до 12 години, Кристијан Каламадевски од ППК Зегин Берово и Матеја Смолиќ од ППК Рисови учествуваа на турнирот Медитерански Куп во Биела, Италија во пинг понг (7-8 декември). Играчите достојно ја претставија државата и се бореа до последен поен.
Препорачано
Екипата ја водеше селекторот Сашко Богатинов, а Каламадевски и Смолиќ настапија во две категории – тимски и поединечно.
Во поединечна машка конкуренција, Каламадевски не успеа да се пласира на главната табела, но во групата имаше добри резултати и една победа во групата. По разигрувањето го освои 28 место на турнирот од 40 учесници.
Во поединечна женска конкуренција, Смолиќ го освои првото место во групата и се пласираше на главната табела на турнирот. Таа го загуби следното коло со минимална разлика од 3:2 и на крај се најде на 17 место на турнирот од 34 учеснички.
Во тимската конкуренција нашите натпреварувачи не се пласираа на главната табела со една победа и два загубени натпревари во групата. По разигрувањето тие завршија на 24 место од 34 екипи.


