Најмалку 18 лица загинаа во бомбашки напад во преполн пазар во Багдад

Фото: twitter

Најмалку 18 лица загинаа денес, а десетици се повредени во преполн пазар во предградието на Багдад во силна експлозија на бомба, соопштија ирачките власти.

Нападот се случил на пазар во градот Садр, ден пред муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кога многу луѓе купувале подароци и намирници.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Слични напади во таа област претходно извршуваа екстремисти од Исламска држава.

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими нареди апсење на полициски командант во областа.

Денешниот напад е трет бомбашки напад на пазар во густо населениот дел на источен Багдад оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот