Најмалку 12 загинати во Мадагаскар како резултат на циклонот Гамане

Циклон/ Фото: Leon LORD / AFP / Profimedia

Најмалку 12 лица загинаа во југоисточната африканска островска држава Мадагаскар, додека циклонот Гамане ја погоди земјата, јави ДПА.

Околу 21 илјада луѓе беа погодени од уништувањето предизвикано од циклонот, кој стигна до северниот дел на островот вчера наутро, објави денеска Националната управа за цивилна заштита.

Циклонот се движеше низ островот со просечна брзина на ветерот од 150 километри на час и обилни врнежи. На некои места се измерени ветрови со брзина од 210 километри на час.

Управата за контрола на катастрофи соопшти дека стотици куќи, патишта и мостови се поплавени или уништени во северниот дел на Мадагаскар. Целосната големина на штетата се уште е не се знае, бидејќи многу села во регионот беа отсечени од остатокот од земјата, што го отежнува пристапот на спасувачките тимови.

Островската држава со околу 30 милиони жители, која се наоѓа во Индискиот Океан, редовно е зафатена од тешки временски услови. Пред една година, тропската бура Фреди го опустоши Мадагаскар, како и соседните земји на копното Мозамбик и Малави. Повеќе од 500 луѓе ги загубија животите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот