НАЈГОЛЕМИОТ СЕКС СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА: Клајв Овен и Сара Полсон во аферата Клинтон-Левински

Profimedia

Третата сезона од популарната телевизиска серија „Американска крими приказна“, а под назив Импичмент, ќе се занимава со најголемиот скандал кој ја потресе белата куќа: Аферата Клинтон-Левински.

Новата сезона ќе ја режира наградуваниот Ричард Шепард, кој со Рајан Марфи, ќе биде и продуцент.

Клајв Овен ќе ја толкува улогата на некогашниот американски претседател Бил Клинтон, додека Бини Фелдстајн ќе ја глуми Моника Левински.

Анали Ешфорд, која се појави во втората сезона „Американска крими приказна“, ја доби улогата на Пол Џонс, а Сара Полсон и Били Ајхнер, ветераните на „Американската хорор приказна“, ќе ги играат ликовите на Линда Трип, која ја откри исповедта на Моника Левински, и новинарот Мета Драж, пренесува „Deadline“.

Фото: Профимедиа

Извештајот на Драж прв ја обелодени веста за аферата од Белата куќа на 17 јануари 1998 година.

Новата сезона ќе биде базирана на книгата на Џефри Тубин, „Пропадната завера: Вистинска приказна за секс скандал кој безмалку ќе го срушеше претседателот“.

Премиерата на третата сезона е закажана за 20 септември, 2020 година, на каналот „Фокс“.

За потсетување, првата сезона на наградуваната и доста ценета телевизиска серија „Американска крими приказна“, се занимаваше со судењето за О.Џеј Симпсон, а во втората сезона се обработуваше темата за убиството на Џани Версаче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот