НАЈДОБРИОТ ГАЗДА ВО СВЕТОТ – Им подели на вработените црвени пликоа кои им го променија животот (ФОТО+ВИДЕО)

принтскрин

Кога од фирмата за недвижнини во Мериленд во текот на новогодишната прослава минатиот викенд на вработените им врачиле црвени пликоа никој од нив не знаел што да очекува.

Кога сите 198 вработени од компанијата „St. John Properties” добиле изненадувачки бонус од 50.000 американски долари просечно, тоа било божиќно чудо кое не го очекувале. Вкупната сума на сите бонуси изнесувала околу 10 милиони долари.

„Кога го отворив пликото, не можев да верувам“ – рекла за Си-ен-ен Стефани Риџвеј, асистентка на шефот на проектите во компанијата. „Не можев да верувам што видов. Немам доволно зборови да опишам како се чувствував, беше навистина неверојатно. Сè уште сум во шок. Ова ми го смени животот“.

принтскрин

Претседателот на “St. John Properties”, Лоренс Мејкранц за Си-ен-ен изјавил дека фирмата ги постигнала своите главни цели и дека во тоа помогнале вработените па затоа сакале сите пријатно да ги изненадат и за нив да направат нешто големо.

Секој вработен примил износ базиран на бројот на годините на работење во таа компанија. Најмалиот износ изнесувал 100 долари, за штотуку вработените лица кои се уште не започнале да работат, додека најголемиот бонус изнесувал 270 илјади долари.

„Тоа навистина беше една од најневеројатните работи за кои некогаш посведочив во животот. Сите беа преплавени со емоции. Врескаа, плачеа, се смееа и гушкаа“, изјави Мејкранц. „Луѓето се постројуваа да не гушкаат и бакнуваат, да се ракуваат со нас… Слушавме приказна по приказна за тоа на што ќе го потрошат бонусот. Луѓето сега се без долгови, ги отплатиле кредитите, школарините и студентските кредити“.

37-годишната Риџвеј, која во компанијата работи 14 години, вели дека бонусот ќе го искористи за школување на децата. „разгледувам некои можни инвестиции и некои надоградби за домот, но поголем дел од парите ќе отидат за иднината на моите деца“, изјави таа.

„Многу сме горди на нашите вработени. Тие се темел и причина за успехот на нашата компанија. Сакавме на голем начин да им се заблагодариме и мислам дека бевме успешни во тоа“, заклучи Мејкранц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот