Најдобриот актер на годинашниве Оскари, Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе

Хоакин Феникс / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Хоакин Феникс, кој на доделувањето на Оскарите освои Оскар за најдобар актер за извонредната главна улога во еден од најпопуларните филмови „Џокер“,  е голем фан на Атиџе, вели еден од кинематограферите на „Медена земја“, Самир Љума.

„Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе, како и Тод Филипс, режисерот на Џокер, но и уште многу други кои беа воодушевени од филмот. Се надевам дека ќе ги објавиме и фотографиите од тие дружби, порача Љума.

На прашањето дали би работеле заедно повторно, режисерката Тамара Котевска рече дека прво ќе работат со Атиџе на пчелите, па потоа ќе видат дали имаат нов заеднички проект. Екипата на „Медена земја“ на денешната прес конференција исто така изјави дека не се разочарани од Оскарите.

Хоакин Феникс го освои Оскарот и одржа инспиративен говор: Не се чувствувам над другите, бидејќи сите ја делиме истата љубов! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот