Атиџе: Сакам малку да одморам од интервјуа, имам работа со пчелите

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

На денешната онлајн прес-конференција со екипата на „Медена земја“ на прашањето дали со ова искуство Атиџе се гледа како актерка, таа рече дека повеќе сака да пее.

Сакам сега малку да одморам од интервјуа, имам работа со пчелите, рече Атиџе.

Режисерот Љубомир Стефанов додаде дека сите работи во филмот се фрагменти од нивниот вистински живот.

– Атиџе и нејзините соседи од филмот се реални актери, сите работи во филмот се фрагменти од нивниот вистински живот. Ова се личности кои не се актери и не се навикнати на голем публицитет, порача Стефанов.

Најдобриот актер на годинашниве Оскари, Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот