Екипата на „Медена земја“: Срамота е да чувствуваме разочарување за тоа што не освоивме Оскар

На денешната онлајн прес-конференција со екипата на „Медена земја“ која се уште е во Лос Анџелес по церемонијата на доделување на Оскарите, тие порачаа дека не се разочарани од тоа што не освоиле Оскар.

Првата порака по Оскарите на Атиџе беше преточена во песна, а потоа кратко порача дека е задоволна и дека поминале добро.

– Задоволни сме, но беше добро, порача Атиџе.

Режисерката Тамара Котевска изјави дека со двете номинации постигнале успех кои не знаат дали некогаш ќе се повтори.

– Двете номинации се историја, ова е успех кој не знаеме дали некогаш ќе се повтори. Јас и Љубомир сме овде три недели и секој ден за нас беше посебен, изјави режисерката Котевска.

На прашањето дали се разочарани, едногласно сите порачаа дека би било срамота ако некој се чувствува разочарано и дека ова е голем успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот