Најбрз „пит-стоп“ во историјата на Ф1, и повторно Ред Бул! (ВИДЕО)

фото:твитер

Во текот на трката за Големата награда на Бразил, механичарите на оваа екипа го задржаа Макс Верстапен во боксот само една секунда и 82 стотинки кога се заменуваа сите четири гуми на болидот.

Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Ред Бул и поставен оваа година за Големата награда на Велика Британија.

Тогаш на механичарите им беа потребни една секунда и 91 стоинка да извршат промени на пневматиците на болидот на Пјер Гасли.

До запирањето на Гасли во Силверстоун, Ред Бул и Вилијамс го делеа првото место со 1,92 секунди.

После Ред Бул и во неделата, во Бразил, најбрзи промени правеа механичарите на Вилијамс. Роберт Кубица го напушти боксот после 2,1, а Џорџ Расел после 2,2 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот