јаболка

Најавени се обилни дождови: има ли опасност од штети врз насадите со јаболка во Ресенско?

Минатата недела имаше поплави во ресенско, најавени се нови врнежи, а на овоштарите им се советува да си направат канал, доколку тоа досега не го сториле, со цел да ги заштитат дрвцата од вишокот вода, пишува порталот „Фактор“.

Сепак, наведува порталот, се смета дека поплавите кои се случија неодамна нема да нанесат штети на овошните насади. Чистите речни корита исто се предуслов за да нема поголеми излевања.

Агрономот од Ресен, Владимир Лабачевски, за „Фактор“ вели дека поплавите нема да предизвикаат штета на овошните насади во Преспа бидејќи тие се во фаза на хибернација и водата веќе се повлекла од теренот. Според него, само делови кај Царев Двор и Дрмени биле краткотрајно поплавени, а овоштарниците генерално имаат одводни канали и длабок корен кој поднесува вакви услови.

Лабачевски нагласува дека критични точки има малку и дека клучната превентива е темелно чистење на речните корита, а земјоделците по потреба сами да отворат канали на пониските места. Тој потсетува дека и многу поголемите поплави од 1962 година не направиле сериозна штета и дека слични ситуации во минатото честопати завршувале со плодни години.

Рекордна берба на јаболка и компири во Германија, ќе има за извоз

Количината на дожд е особено важна напролет, се вели во текстот, бидејќи овие податоци им помагаат на овоштaрите да го предвидат и спречат развојот на болести и инсекти. Покрај мерните станици, се додава, и дел од земјоделците сами мерат дождовни количини, влажност на листот и други параметри што се клучни за одржливо овоштарство.

Од огромно значење е и местоположбата на насадите, а на места каде што коритата на реките се добро исчистени или бетонирани ризикот од поплави е мал, но на локации со запуштени канали проблемите се почести.

Според прогнозите, до сабота се очекува претежно облачно време со повремени врнежи, а најсилен дожд е најавен за в четврток.

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо време до сабота – обилен дожд, пад на температурите и снег на планините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот