Награда за триумф на турнир, вибратор

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Елизабет Садо Гарсија, остана во шок по триумфот на турнир во Шпанија во сквош, а јавноста е згрозена од потегот на организаторот.

Како дел од наградите за финалистките, Садо Гарсија и Олаја Ленс, покрај медалите, добија, масажер за нозе, восок за депилација и на крај, вибратор.

Двете спортистки го обвинија организаторот на турнирот, Сквош клубот Овиедо, за сексизам, додека клубот ја прекина организацијата на турнирот.
Веднаш се огласи и Сквош федерацијата на Шпанија, која најави казни.

„Ова е срамотно. Не знаевме што ќе биде во пакетите со награди. Сега е доцна клубот да се извини, и да мислат дека овој потег не е скандалозен“ стои во соопштението на Федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот