Нагелсман потврди: Мазрауи наскоро во дресот на Баерн

Нусаир Мазрауи е новиот десен бек на Баерн Минхен/Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

В сабота (14 мај) со почеток од 15.30 часот шампионот Баерн Минхен на гостински терен ќе игра против Волфсбург во последното 34 бундеслигашко коло.

Во редовите на баварскиот гигант поради црвен картон ќе недостасува Коман, повреден е Сар, а поради болест надвор од составот на Јулијан Нагелсман се, Марк Рока и Толисо.

Тренерот Нагелсман на прес конференцијата пред мечот со Волфсбург потврди дека Баерн е блиску да го реализира трансферот на Нусаир Мазрауи.

Станува збор за 24-годишниот марокански десен бек кој досега ги бранеше боите на холандскиот Ајакс.

– Блиску сме до завршување на договорот со Нусаир Мазрауи. Ќе бидеме навистина задоволни ако можеме да го ангажираме бидејќи тој е навистина добар играч. Тој за време на нашиот прв разговор рече дека би сакал да игра за Баерн – навистина е возбуден што се приклучува. Ваквите играчи ни се потребни – вели Нагелсман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот