Надгробната плоча врз гробот на Џорџ Мајкл поставена 5 години по смртта
Џорџ Мајкл, еден од најпознатите и најуспешните поп-пејачи во светот, почина во 2016 година на Божиќ. Погребан е покрај мајка му, но неговиот гроб остана необележан цели пет години. Дури минатата година, неколку дена пред петгодишнината, на гробот осамна скромна надгробна плоча со неговото крсно име Јоргос Панајотиу, пишува „Smooth radio“.
Препорачано
На едноставна правоаголна, бела мермерна плоча се изгравирани и датумите на неговото раѓање и смрт (25 јуни 1963 – 25 декември 2016), како и посветата „Сакан син, брат, пријател“.
Иронија на судбината се поигра со датумите, со оглед дека еден од неговите најголеми хитови е насловен токму „Last Christmas“.
Џорџ почина во својот дом во Горинг-на-Темза на 25 декември 2016 година, на 53-годишна возраст, според официјалната верзија, од природна смрт, имено од болести на срцето и црниот дроб.
Погребот на Џорџ се одржа на 29 март 2017 година – на приватна церемонија на гробиштата Хајгејт во северен Лондон покрај гробот на неговата мајка.
Сестрата на Џорџ, Мелани, за жал, почина точно три години по него, исто така на Божиќ во 2019 година. Иако официјалната причина за смртта е дијабетична кетоацидоза, блиските сметаат дека починала од „скршено срце“ по брат ѝ, со кој била многу поврзана. И таа почива покрај нејзините мајка и брат.

Откако Џорџ почина, неговото наследство продолжува да живее, а една работа по која беше познат е неговата дарежливост. Имотот на Џорџ и постхумно продолжува да донира пари на различни места според желбите на покојната ѕвезда.
Се вели дека членот на групата „Wham!“ е мистериозниот донатор кој ги финансира годишните божиќни светилки и украси за лондонската населба Хајгејт. Љубовта на Џорџ кон локацијата е добро позната бидејќи тој живеел таму многу години и затоа е погребан токму во таа област.
Се вели дека имотот на Џорџ ја продолжил неговата годишна донација на божиќната изложба во околијата секоја година од неговата смрт во 2016 година.
View this post on Instagram
Пејачот на „Last Christmas“ живееше во Хајгејт повеќе од една деценија од 2002 година се’ до неговата смрт.
„Last Christmas“, 5 години по неговата смрт: Џорџ Мајкл апсолутно го сакаше Божиќ
Песна на Џорџ Мајкл по 36 години од објавувањето за прв пат се најде на прво место во Британија


