Началникот од Демир Хисар му бил роднина на актуелниот началник на СВР Битола
Началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски, кој сакаше со носилка да ја носи на информативен разговор директорката на средното училиште во Демир Хисар, Маја Лозановска бил во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола, Сашо Мирчески и тоа било клучно за негово унапредување од страна на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тврди политичката партија Левица.
Препорачано
– Дека МВР е претворено во фамилијарно гнездо Левица во минатото алармираше, а сега и јавноста ги посведочи последиците од непотизмот кој го инсталира Тошковски. Уште еднаш потенцираме дека не е доволно само разрешување на партискиот началник, туку МВР мора да поднесе кривична пријава против Роберт Мартиноски за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Фамилијарната блискост на Роберт Мартиноски со актуелниот началник на СВР Битола не смее да биде повод за амнестија на самоволието на партиските началници – се вели во соопштението на партијата.
Тие бараат началникот кривично да се гони. МВР соопшти дека тој е суспендиран и дека ќе биде разрешен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


