На Светското првенство постигна три гола – Гакпо го очекува трансфер на кариерата!?

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Холанѓанецот Коди Гакпо постигна три гола на Светското првенство во Катар и сега е прв избор на Манчестер јунајтед. На менаџерот Ерик тен Хаг му недостига напаѓач по раскинувањето на договорот со Кристијано Роналдо, па 23-годишниот напаѓач на ПСВ е желбата на „црвените ѓаволи“.

Дејли Мејл“ пишува дека Гакпо ова лето веќе бил на листата на желби на Јунајтед, но англискиот премиерлигаш решил да го ангажира Бразилецот Ентони од Ајакс. Во меѓувреме понуди за него испратија Лидс јунајтед и Саутемптон, но тој реши да остане во Холандија и да чека понуди од клубовите кои играат во Лигата на шампионите.

Се вели дека селекторот на Холандија, Луј ван Гал, исто така го советувал да остане во форма пред Мундијалот, каде Холандија стигна до четвртфиналето, каде што ќе игра против Аргентина.

Цената на Коди Гакпо ќе скокне по Светското првенство –

Ерик тен Хаг и Гакпо имаат исти агенти, поради што се верува дека лесно може да се договори трансфер. Според „Трансфермаркт“, Гакпо вреди 45 милиони евра, а со ПСВ има договор до 2026 година. Сезонава на 29 клупски натпревари постигна 15 гола и асистираше на 18 од нив.

Од ПСВ очекуваат да добијат повеќе од 50 милиони евра за Гакпо, иако се свесни дека неговата вредност се очекува да скокне во текот на зимскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот