Нa социјалните мрежи се шири видео снимка „Убиј го Србинот“ снимена во трамвај во Загреб (ВИДЕО) - Слободен печат

Нa социјалните мрежи се шири видео снимка „Убиј го Србинот“ снимена во трамвај во Загреб (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денове е присутна и се шири видео снимка која е снимена во трамвај во Загреб, а на неа се гледа и слуша како две млади лица скандираат песна со текст „Убиј го Србинот“ – а во ист контекст во нивниот перформанс ги вреѓаат и Евреите, па „Циганите и Шиптарите“, Босанците, па дури и Хрватите, пренесува хрватскиот портал Индекс.хр.

На снимката се гледа како едно од лицата „дава ритам“ и свири на гитара, додека другиот облечен само во долен веш и чорапи на себе, недолично и агресивно се однесува во трамвајот додека ги скандира стиховите.


„Убиј, убиј го Србинот, таква му е судбината, а може и Хрвати, кој ви е*е матер, јас“ – скандираат тие.

Недоличното пеење на двете момчиња, збунето и молчеливо го следат останатите патници на трамвајот.

Песната е цинична?

Како што пренесува хрватскиот медиум, тие го поврзуваат ова скандирање со песната Бициклич од хрватскиот панк бенд Сакоман. Тие во својата песна имаат стих „Убиј, убиј го Србинот, таква му е судбината“, но како што пишува индекс, по него следувал стихот „Јас сум мал усташ, по цел ден го слушам Томпсон“ – се прашуваат дали овие момци биле иронични и сакале баш на овој агресивен начин да ја доловат песната на бендот која на циничен начин ги обработува друштвено политичките теми и го критикува национализмот. Од медиумот наведуваат дека потеклото на видеото е засега непознато, односно не се знае кога точно е снимено и дека ја контактирале полицијата која изјавува дека имаат секојдневно имаат премногу нови пријавени случаи и дека тешко е да се прецизира, па не знаат ни дали некој воопшто го пријавил овој случај во полиција.

Прочитај повеќе

РУСИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА ОДБРАНАТА НА АРКТИКОТ: Тука нема да можат да пројдат хиперсоничните ракети (ВИДЕО)

Слободен печат

Хакер открил и објавил листа со повеќе од 500.000 кориснички имиња и лозинки

Слободен печат

Локализиран пожарот во Белград

Слободен печат

Тачи за авиолинијата Приштина-Белград: Тоа е чекор напред за односите меѓу Косово и Србија

Слободен печат

Петровска: Постапката за набавка на обрасците е спроведена, а договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки

Слободен Печат

Кои 12 амандмани ги предлага Путин?

Слободен Печат

Остави Коментар

2 × five =

Прочитај повеќе

САД одбележува ден на борецот за човекови права, Мартин Лутер Кинг

Слободен печат

НОВИ ДЕТАЛИ: Опожарен сплав во Белград (ВИДЕО)

Слободен Печат

Помпео: Треба да се прекине тиранијата на Мадуро

Слободен печат

Спасени дванаесет мигранти кои се обидувале да го преминат Ла Манш

Слободен печат

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ: Заврши штрајкот во париското метро и железница

Слободен печат

ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД: Гори сплав на кејот на Сава

Слободен Печат