На платниот список на Веља Невоља имало политичар и бизнисмен

Фото: Pedja Milosavljevic / AFP / Profimedia

Честите престојувања на „Кавчаните“ на Јахорина ги алармирало припадниците ан српските истражни органи, посебно тие во Министерството за внатрешни работи да започнат истрага за да се испитаат врските на локалните политичари со српските криминалци, односно тие на Вељко Беливук и неговата „екипа“, објавува српски Блиц.

Истражувајќи ги трагите на парите, истражните органи дошле до информација дека парите стекнати со криминал биле инвестирани во земја лоцирана на атрактивна локација на истокот на Република Српска, која е во сопственост на политичари од оваа област.

– Членовите на СИПА и Министерството за внатрешни работи на РС,, добиле име на висок член на ДЕМОС од источниот дел на Српска, кој е и директор на државна компанија во тој дел. Утврдено е дека станува збор за Аца Станичиќ, претседател на регионалниот одбор на ДЕМОС. Се сомнева дека тој бил еден од клучните луѓе на групата Беливук на територијата на Република Српска, кој ја изградил империјата во областа Требевиќ, Јахорина и Источно Сараево со парите стекнати од криминални активности – открил изворот.

Жестоки напади врз Вучиќ по објавата на шокантни фотографии од злосторствата на Веља Невоља: Само претстава за народ, сиот криминал потекнува од овој режим

Веља Невоља останува во притвор – постои опасност да побегне или да убие уште некој

Како пропадна криминалниот план на Дарко Елез и Веља Невоља да го формираат најопасниот клан во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот