8 C
Скопје

Жестоки напади врз Вучиќ по објавата на шокантни фотографии од злосторствата на Веља Невоља: Само претстава за народ, сиот криминал потекнува од овој режим

Не стивнуваат реакциите од српската политичка сцена откако синоќа претседателот Александар Вучиќ по Седницата на Советот за безбедност, а по повеќедневна најава, на обемна прес конференција објави дел од грозоморните снимки на убиства, мачења и обезглавувања извршени од страна на кланот на уапсениот Вељко Беливук, нарече Веља Невоља и неговите содружници од криминалното подземје на Србија. 

Пред објавата на вознемирувачките кадри, Вучиќ, се пофали дека полицијата запленила огромно количество оружје, пред се снајпери во регионот меѓу  Шабац и Лозница и тие снимките беа пуштени со цел родителите да ги тргнат своите деца од пред малите екрани за да не ја гледаат ужасната глетка од убиствата и мачењата на групата на Беливук.

Но опозициските партии и видни аналитичари не престануваат да го поврзуваат токму Вучиќ со криминалното миље во земјата и дека спектакуларното апсење на Веља Невоља е само „претстава“ зошто во криминалниот клан гледаат поврзаност со претседателот на Србија.

Партијата на слободата и правдата (ССП) денеска го прозва претседателот Александар Вучиќ да „признае“ дека криминалниот клан на Беливук е „производ на неговиот режим“.

„Вучиќ со медиумско спинување се обидува да се заштити себеси и своето приватно опкружување и за целиот криминал да обвини неколку луѓе чии злосторства се трагична последица на неговата лична опсесија во срцето на Европа да има неконтролирана власт. Наместо излегувањето во доцните вечерни часови, кршејќи повеќе закони, преку сите ТВ станици да го вознемирува народи и со изнесување докази да ја загрозува истрагата на обвинителството против групата на Беливук, нека и објасни на јавноста како и зошто преку овие криминалци ги стави под контрола навивачките група, како ги користеше како тепачи за пресметка со политичките неистомисленици, за тероризирање на граѓаните во изборните кампањи, но и за напади на новинари“, го пренесува Бета, соопштението на ССП.

Прочитајте и...  Асоцијација на архитекти бара да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес

Претседателот на движењето Ослободување, Млаѓан Ѓорѓевиќ изјави дека не очекува значајни апсења или процесуирања, зошто „сиот криминал потекнал од овој режим и стигнува до врвот на режимот и самиот Александар Вучиќ“.

Тој го обвнини Вучиќ дека „со шокантни фотографии и празна најава за борба против криминалот се обидува да ги скрие сопствените недела“, меѓу кои се и „завршниот чин на предавство на Косово и Метохија“, како и бројни врски на режимот со организираниот криминал“.

„За 9 години од неговата власт на Албанците им е предадена полицијата, правосудството, државната управа на северот на Косово, телекомуникациите, енергетиката, а сега на ред доаѓа и формално потпишување на обврзувачкиот договор со Приштина“, рече лидерот на движењето Ослободување.

Тој во соопштението наведува дека Вучиќ прави „вистинска драма“ и се обраќа преку медиумите на криминалците кои се „или негови соработници или се дружат приватно со него и со членовите на неговото семејство, за што постојат бројни докази“.

Ѓорѓевиќ запраша зошто никој не е уапсен или процесуиран за 1.572 случаи на илегално прислушкување на претседателот на државата, и наведе дека „Вучиќ не смее да ја уапси ниту поранешната државна секретарка Дијана Хркаловиќ, ниту министерот Небојша Стефановиќ, ниту претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, ниту секретарот на Владата на Србија Новак Недиќ за кого вели дека му е еден од најблиските соработници.

Прочитајте и...  Нон-пејперот може да прерасне во „лавина од мала топка снег“

Лидерот на Ослободување потсетува дека воениот синдикат „го обвини Недиќ дека со криминалците Беливук и Станковиќ вежбал стрелање на воените полигони“, и дека Беливук денеска го бранат адвокати од канцеларијата на таткото на Недиќ“.

„Сето тоа лесно може да се провери, и затоа ова е само претстава за јавноста. Спектакл во кој се прикажуваат фотографии од мртви луѓе и газење по достоинството на семејствата на убиените и исчезнатите луѓе, а Србија се посрамотува пред целиот свет како земја на криминал. Во Србија ништо не се случува без знаење на Вучиќ веќе 9 години. Ниту еден криминалец не смее да мрдне без него“, додаде Ѓорѓевиќ.

Тој наведува дека лично го смета Вучиќ за одговорен и за Беливук и за „секоја отсечена глава“, како што е одговорен подеднакво и за кампањата на таблодите и на Српската листа по која се убиени Оливер Ивановиќ и неговиот кум Димитрије Јаниќијевиќ.

Познатиот адвокат Божо Прелевиќ коментирајќи за Н1 за вчерашната прес конференција на Вучиќ изјави дека единствена цел му била „јавноста да заклиучи дека „Александар Вучиќ е жртва и дека тој прави отскок од криминалната група која била дел од Српската напредна партија“.

Прочитајте и...  Добра вест за македонските граѓани: Црна Гора ги отвора границите, се укинуваат и задолжителните ПЦР тестови

Целиот настан Прелевиќ го коментира како „смешна копија на Брионскиот пленум кога Тито тврдеше дека нема врска со прислушкувањето и тајните служби туку дека тоа го правел Александар Ранковиќ, а кога го прашале во чија корист тоа го правел, не знаеше да одговори“.

Тој додаде дека сликите од трупови адвокатите гледаат постојано во повеќето такви предмети и дека сами посебе тие фотографии не значат ништо, а најмалку дека некој е убиец.

„Не слушнавме одговор како е можно таа криминална група толку да порасне, иако многу експерти укажуваа на тоа“, рече Прелевиќ и запраша „како можело тоа да се случува во Партизан каде нема некој кој не е режимски човек, од Вучелиќ, преку жандармите и Новак Недиќ“.

Адвокатот потсетува дека медиумите пет години пишуваат за навивачите во служба на СНС, уште од изборите во Лучани па според него, суштинско прашање е како ќе се бори против криминалот ако не се чепкаат државните органи по чија закрила се случувало сето ова.

„По ужасно од синоќешните снимки беше прославата на роденденот на Александар Вучиќ на кој децата пееја во Претседателството, како во Северна Кореја“, рече Прелевиќ.

(ВИДЕО) Вучиќ прикажа вознемирувачки фотографии од убиствата на Беливук

 

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар