На „Фристајлер“ имало над 700 луѓе, а сплавот бил регистриран за 220

Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Белградскиот сплав „Фристајлер“ почнал да тоне на новогодишната ноќ неколку минути по полноќ, а како што дознава српски „Блиц“, во моментот кога водата почнала да го „голта“ сплавот, на него имало повеќе од 700 луѓе, иако сплавот е регистриран за 220.

Дошле од Германија и Турција на сплавот „Фристајлер“ да се забавуваат, сега ги бараат пасошите меѓу мокрите јакни да се вратат дома

Како што пишува „Блиц“, комплетната документација е потопена, а неупотреблив е и видео надзорот. Сè заврши под вода.

Во рамки на преткривичната постапка, ќе биде извршено вештачење со цел прелиминарно утврдување на причината за потонувањето на сплавот.

Обвинителството и полицијата ги преземаат сите други активности кои треба да придонесат за утврдување на сите околности на инцидентот во кој за среќа нема жртви.

ВИДЕО: Хорор ноќеска во Белград, потона познат сплав, гостите панично бегаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот