Дошле од Германија и Турција на сплавот „Фристајлер“ да се забавуваат, сега ги бараат пасошите меѓу мокрите јакни да се вратат дома

Фото: Нова.рс

Машки чевли, штикли во кал, чанти, јакни и остатоци од новогодишни украси го „украсија“ денеска кејот покрај Сава откако синоќа речиси целосно потона популарниот белградски сплав „Фристајлер“, објави Нова.рс.

За среќа нема жртви, но оние кои беа на споменатиот сплав, сигурно нема да ја паметат новогодишната ноќ со задоволство, особено не странците, за кои синоќешната драма не само што е лош спомен, туку и хартиена агонија бидејќи во метежот и паниката, останаа без лични документи и пасоши.

Екипата на Nova.rs, која денеска го посети кејот, затекна десетици млади луѓе кои во групи доаѓаа да си ја најдат гардеробата. Пред сплавот, чиј заден дел се уште е во вода, ги бараа јакните и личните документи.

Меѓу нив беа и група Германци кои дошле во Белград со намера да се забавуваат.

„Ние сме од Германија, не знаеме што да правиме. Ги изгубивме документите синоќа. Излеговме од сплавот и оставивме сè зад себе. Ниту денеска не успеавме да ги најдеме документите, а обезбедувањето не ни дозволува да влеземе. Не упатија во полиција“, велат гостите од Германија за Нова.рс.

Група од шест лица од Турција имаа слично лошо искуство додека со избезумени лица ги проверуваа јакните кои се сушат пред самиот потонат сплав.

„Бараме документи, изгубивме се, бараме работи. Обезбедувањето ни кажа дека тоа е единственото нешто што успеале да го извлечат од водата. Утре треба да се вратиме дома, не знам што да правам“, истакнаа турските граѓани.

На сплавот имало и момче од Швајцарија како што раскажува, синоќа не бил прв пат на сплавот „Фристајлер“.

„И претходната вечер, на 30 јануари, бевме тука. Се беше нормално. Синоќа беше толку набиено што ни „иглата не можеше да падне“. Сè беше преполно со луѓе. Едвај издржавме, затоа се случи сето ова“, вели овој млад човек.

Меѓу гостите имало и две 16-годишни девојчиња.

„Синоќа мислевме дека има тепачка, а не дека сплавот тоне, по што почнаа да бегаат. Оставивме сè зад себе, а сега дојдовме со надеж дека ќе најдеме нешто. Се сеќаваме само како луѓето наеднаш не газеа, беше морничаво“, велат девојките.

ВИДЕО: Хорор ноќеска во Белград, потона познат сплав, гостите панично бегаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот