На Додиќ му е тешко што Орбан изгуби, сака да се видат
Владата на Виктор Орбан повеќепати во клучни моменти ѝ помагала на власта на Милорад Додик, и финансиски и преку лобирање. Во периодот кога Додик избегнуваше приведување во Босна и Херцеговина, унгарските медиуми пишуваа дека Орбан испратил специјална полициска единица во Босна и Херцеговина, која имала задача, доколку има потреба, да го депортира Додик во Унгарија. Таа приказна синоќа заврши и Додик сега загуби важен политички партнер.
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, изјави за изборите во Унгарија дека му е жал што Виктор Орбан загубил, додавајќи дека тој бил негов пријател и дека ќе остане негов пријател, објави „Кликс“.
Препорачано
– Уште првиот ден покажа дека многу лаги што му ги припишуваа, во смисла на диктатура, останаа апсолутно неосновани, бидејќи ги призна изборните резултати и без никакви ограничувања ја спроведе транзицијата на власта – рече Додик.
Тој додаде дека народот во Република Српска ќе му остане многу благодарен на Орбан за она што го направил.
– Ние овде секогаш на некој начин бевме сами, освен Србија, Русија, и против нас беше неолибералниот свет. Орбан беше гласот на разумот. Сакам што поскоро да се видам со него и да разговараме како понатаму – рече Додик.
Муцунски му ја честиташе победата на Маѓар: Со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка
Коментирајќи ги проектите меѓу Република Српска и Унгарија, Додик рече дека сите биле договорени со владата на Виктор Орбан и дека во значителен обем веќе биле реализирани.
– Ако дојде до прекин, тоа ќе биде едностран прекин од унгарска страна. Ние од наша страна продолжуваме понатаму ако тоа биде можно, а ако не, и без тоа сме живееле пред пет, шест години – заклучи Додик.
За потсетување, владата на Виктор Орбан повеќепати во клучни моменти ѝ помагала на власта на Милорад Додик, и финансиски и преку лобирање. Во периодот кога Додик избегнуваше приведување во Босна и Херцеговина, унгарските медиуми пишуваа дека Орбан испратил специјална полициска единица во Босна и Херцеговина, која имала задача, доколку има потреба, да го депортира Додик во Унгарија.
Таа приказна синоќа заврши и Додик сега загуби важен политички партнер.


