На 6 април почнува судењето за смртта на младата Викторија Николова

Викторија Николова, Фото: Фејсбук

Скопскиот Кривичен суд Скопје за шести април го закажа почетокот на судењето против обвинетиот 22-годишен скопјанец обвинет за предизвикувањето на сообраќајната несреќа во која загина 24-годишната Викторија Николова, а тешко повреден беше нејзиното момче Леонид Даов.

Судењето доаѓа откако претходно, Советот за оценка на обвинението одржа седница и донесе решение со кое ги одби приговорите на одбраната, а обвинението во целост го одбори. Обвинетиот е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Безбедносните камери и вештачењата ќе бидат главните докази на обвинителот дека возачот со неприлагодена брзина не можел да го запре возилото и да ја избегне несреќата.

„Приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот“ велат од Јавно обвинителство.

Статистиката на полицијата вели дека во Македонија годишно околу 120 до 130 луѓе загинуваат во сообраќајки, или по еден човек на секои два до три дена како последица на невнимание во сообраќајот, а за десет години загинале 1.652 лица.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, 2020 година, споредена со сите години наназад, била најбезбедна, со 125 жртви, а најмногу имало во 2013 година, кога загинале 198 луѓе.

Истрагата за сообраќајката во која загина Викторија Николова заврши за 12 дена, адвокатот на возачот вели дека е нецелосна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот