Харпер Бекам со родителите на премиерата на документарецот „Викторија Бекам“ / Фото: Profimedia

На 15 години тргнува по стапките на мајка ѝ — ќерката на Викторија и Дејвид Бекам започнува свој бренд за козметика

На само 15 години, Харпер Бекам, ќерката на Викторија и Дејвид Бекам, наводно се подготвува да го лансира својот прв бренд за козметика.

Според пишувањата на британскиот „Сан“, брендот ќе го носи името „Харло бај Харпер“, а Харпер на проектот работела веќе подолго време. Иако имало одредени проблеми околу регистрацијата на трговската марка, изворите тврдат дека целата постапка сега е успешно завршена.

„Ова долго време беше сон на Харпер. Таа е двигателот на целиот проект“, рекол извор близок до семејството.

Истиот извор додава дека Харпер пораснала гледајќи како нејзината мајка ја гради својата успешна козметичка империја, па уште од мала развила силен интерес за модата и убавината.

За разлика од повеќето брендови на славни личности, козметиката на Харпер ќе биде наменета пред сè за генерацијата Зет и генерацијата Алфа, а инспирацијата доаѓа од јужнокорејската козметика, која во последните години бележи огромен глобален успех.

„Дејвид и Викторија се горди и ја поддржуваат, но ова не е бренд на семејството Бекам. Ова е бренд на Харпер“, наведува изворот.

Според истите информации, Харпер веќе има искуство со снимање содржини за социјалните мрежи и природно се снаоѓа пред камера.

Гласините дека Харпер работи на сопствен бренд првпат се појавија во март годинава, а според досегашните информации, лансирањето се очекува во 2027 година.

Сепак, ниту Харпер, ниту нејзините родители засега јавно не ги потврдиле информациите за брендот „Харло бај Харпер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот