МЗТ Скопје извиси за еден глас: Клубовите одлучија да нема шампион во кошаркарската Прва лига, но…

фото: КФСМ

Одлуката од гласањето на клубовите во Првата лига, ќе мора да биде „аминувана“ од Управниот одбор на кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ)

Екипите кои настапуваат во Првата лига дека преку конференциска врска и електронско гласање одлучија МЗТ Скопје да не ја добие титулата, да нема шампион за сезоната 2019/20 и да нема испаѓање од Првата лига.

По вчерашната најава на челниците на КФСМ дека ќе им остават на клубовите да решат како да заврши сезоната и им понудија две решенија:
првото е да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион и да испаднат двата последни клуба од Прва Лига, додека вториот предлог гласеше Да НЕ се прогласи шампион за сезоната 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од лигата, а одлуката ќе мора да помине и на седницата на Управниот одбор на КФСМ.

Епилогот од гласењето беше четири гласа против МЗТ Скопје да му се додели титулата, три гласа за, и три клуба беа воздржани.

Екипите кои гласаа да нема шампион и да нема испаѓање се КК Работнички – Скопје, КК Гостивар-Гостивар, КК Вардар-Скопје и КК Куманово 2009-Куманово.

Три клуба, КК МЗТ Скопје Аеродром АД-Скопје, КК МЗТ Скопје Уни-Банка-Скопје, и КК ФМП Академија-Скопје се изјаснија за предлогот: КК МЗТ Скопје Аеродром АД да се прогласи за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи.

Три клуба, КК Еуро Никел 2005-Кавадарци, КК Кожув-Гевгелија и КК Пелистер-Битола беа воздржани во гласањето по предлогот од страна на федерацијата.

Согласно со тоа, резултатот на ова гласање раководството на КФСМ ќе го формулира како дефинитивен предлог и ќе го стави пред членовите на Управниот Одбор на КФСМ кој треба да ја донесе конечната одлука за заклучување на натпреварувањето во Првата лига-мажи за сезоната 2019/2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот