Музички награди Билборд: Пинк ќе ја добие наградата „Музичка икона“

Profimedia
profimedia

На годинешното доделување на музичките награди Билборд, поп-пејачката ќе ја добие наградата „Музичка икона“, која им се доделува на музичари што постигнале забележителен успех на Билбордовите топ-листи и имале посебно влијание врз музиката.

Пинк, која исто така ќе настапи на овој настан, со ова ќе им се придружи на претходните добитници на истата награда: Герт Брукс, Шер, Нил Дајмонд, Селин Дион, Џенифер Лопез, Принс, Стиви Вондер, Џенет Џексон и Мараја Кери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P!NK (@pink)

Како малечка сонував дека сум пејачка и ја споделувам својата љубов кон музиката со цел свет. Години подоцна да се добие наградата Музичка икона е исполнување на соништата. Почестена сум што ќе им се придружам на музички идоли како Шер, Гарт Брукс, Џенет Џексон и Стиви Вондер. Се чувствувам благословено и возбудено“, пејачката напиша во изјавата.

Пинк последен пат настапи на музичките награди Билборд во 2016 година, а оттогаш на сингл топ-листите беше 15 пати меѓу првите 10, четири пати број еден и осум пати нејзините албуми беа во првите 10. Настанот е закажан за 23 мај, во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот