Вики Леандрос - Фото: Инстаграм/ vickyleandros.official

Музичката легенда Вики Леандрос ќе го отвори годинешниот Евросонг во Виена

Според пишувањата на германскиот весник „БИЛД“, познатата пејачка Вики Леандрос ќе настапи на отворањето на годинешниот Евросонг, враќајќи се во Виена речиси шеесет години по своето деби на ова натпреварување. Леандрос, која има грчко потекло, е добро познато име во историјата на Евровизија, каде двапати настапуваше под знамето на Луксембург.

Во текот на својата кариера, таа има продадено повеќе од 55 милиони плочи, вклучувајќи албуми и синглови, и има снимено музика на повеќе светски јазици. Поради тоа, се смета за една од најуспешните учеснички во историјата на фестивалот.

Нејзиното прво појавување на Евровизија било во 1967 година токму во Виена, кога со песната „Љубовта е сина“ го освоила четвртото место со 17 поени. Неколку години подоцна, во 1972 година, таа триумфираше и му ја донесе третата победа на Луксембург со песната „По тебе“, освојувајќи 128 поени.

Како што пренесува БИЛД, Леандрос повторно ќе ја изведе својата позната песна „Љубовта е сина“, но овојпат во нов аранжман.

„Многу сум среќна што се враќам во Виена, местото каде што започна сè со мојот прв настап на Евровизија“, изјавила таа за весникот.

Полуфиналните вечери се закажани за 12 и 14 мај, додека финалето ќе се одржи на 16 мај. Настанот ќе се реализира во салата „Винер Штатхале“, која веќе беше домаќин на натпреварот во 2015 година и има капацитет од околу 16.000 посетители.

Јубилејното, 70-то издание на Евросонг ќе се одржи во Виена на 12, 14 и 16 мај 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот