Мундобаскет: Чудесниот Милс ги „скроти“ и Литванците! (ВИДЕО)

fiba.basketball

Австралиските кошаркари беа подобри од Литванците со конечен резултат 87:82 (27:19, 25:22, 16:19, 19:22). И покрај подобрата игра во второто полувреме, Литванија немаше среќа во самиот финиш, па Пети Милс со тројка на 30 секунди до крајот на средбата го одлучи победникот.

„Кенгурите“ водеа од првата минута, а во еден момент имаат и 13 кошеви разлика. Со одличниот шут за три, Австралија го полнеше кошот на Литванците и со нивното „оружје“ ги фрлија на колена. Упорните Литванци во продолжението од средбата од минута во минута ја топеа позитивата и успеаја во средината од последната делница конечно и да поведат.

Се чинеше дека избраниците на Адомаитис успеаја да го свртат мечот во своја корист, но тоа на крајот не се случи. Нереализираните чисти позиции и погодени шутеви од полудистанца на спротивната страна на Австралијците, го решија победникот на овој дуел.

Во победничките редови за популарните „кенгури“ доминираше Милс забележа 23 поени, следен од Арон Бејнс со 21 поен (13 скокови). За европскиот претставник доминираа Мариус Григонис со 19 поени и Лукас Лекавичиус со 15 поени.

Претходно во стартниот меч од третото коло, Канада ја запиша првата победа на Мундонаскет 2019 против Сенегал (82:60).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот