Можни жртви, илјадници повредени и големи материјални штети по силниот земјотрес во Албанија (ФОТО + ВИДЕО)

Фото: егзит.ал

Илјадници повредени и големи материјални штети се регистрирани во албанскиот крајбрежен град Драч, кој беше погоден од земјотрес со силина од 6,4 степени ова утро околу 4 часот. Земјотресот беше почувствуван на целиот Балкан.

Како што пренесува „Егзит Албанија“, илјадници повредени во земјотресот се згрижуваат во болниците во Драч и Тирана.

Се верува и дека две деца се спасени во местото Тумане, оддалечено 30 километри од Тирана, каде најмалку две згради наводно се срушени.

Медиумите пренесуваат и за две целосно срушени згради во Каваје, во близина на Драч.

Според пишувањата на локалните медиуми, Драч се соочува со најголеми последици од земјотресот, поради фактот што се наоѓа најблиску до епицентарот.

Фото: егзит.ал

Во овој град се сруши и седумкатен хотел и други згради полни со станари. Засега, нема информации дали има жртви.

Фото: егзит.ал

Последниот голем земјотрес кој ја погоди Албанија беше пред 2 месеци и со силина од 5,6 степени. Тогаш беа повредени над 100 луѓе, оштетени над 500 куќи и 100 згради, а илјадници луѓе ја минаа ноќта на улиците, стравувајќи да се вратат во своите домови. Во овој земјотрес немаше жртви.

Фото: егзит.ал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот