Можете ли да стоите 10 секунди во оваа поза? Ако не, време е да се загрижите

Фото: Funshooter / Shotshop GmbH / Profimedia

Постарите луѓе кои не можат во одредена положба да стојат повеќе од 10 секунди имаат двојно поголем ризик од прерана смрт, пишува БМЈ.

Учесниците во истражувањето имале задача да направат едноставна вежба која подразбира кревање на едната нога со истовремено држење на двете раце покрај телото, а оние кои не можеле да ја задржат оваа положба најмалку 10 секунди имале 84 отсто поголеми шанси за смрт од оние кои можеле, пишува БМЈ за студијата објавена во „Бритиш журнал оф спортс медисин“ (British Journal of Sports Medicine).

Неможноста да се застане на една нога 10 секунди е поврзана со удвојување на ризикот од смрт.

Причината за тешкотиите во одржувањето на рамнотежата може да биде губењето на мускулите, што ги става постарите луѓе во зголемен ризик од паѓање. Следствено на тоа, луѓето постари од 70 години имаат најмногу проблеми со рамнотежата.

„Нашето истражување покажува дека неможноста да се заврши овој тест од 10 секунди кај постарите учесници е поврзано со поголемиот ризик од смртност и пократкиот животен век“, пишуваат тие.

Истражувачите проучувале 1.702 мажи и жени на возраст од 51 до 75 години. Од нив, 348 не можеле успешно да стојат на една нога 10 секунди, главно постари од 70 години и оние кои имале вишок килограми или дијабетес.

Повеќе од половина (околу 54 отсто) од оние на возраст од 71 до 75 години не можеле да го завршат тестот. Со други зборови, луѓето во оваа возрасна група имале повеќе од 11 пати поголеми шанси да паднат на тестот отколку оние кои се само 20 години помлади.

Како што наведува студијата, оние кои паднале на тестот имале генерално полошо здравје: поголем процент биле дебели и/или имале срцеви болести, висок крвен притисок и нездрави масти во крвта. А дијабетесот тип 2 бил 3 пати почест во оваа група.

Ова е набљудувачка студија и како таква не може да ја утврди причината. Бидејќи сите учесници биле Бразилци, наодите можеби нема да бидат пошироко применливи на другите етнички групи и нации, предупредиле истражувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот