фото; facebook@Slovak Handball Federation

Можеме да ја изненадиме Македонија, велат Словаците во пресрет на баражот за Мундијалот 2027

Словачка ја дочекува Македонија в четврток во првиот меч од баражот, а во тимот предводен од шпанскиот стратег Фернандо Гурич се надеваат на победа со забележителна разлика, што би им ги зголемила шансите во реваншот в недела

Македонската ракометна репрезентација в четврток во Прешов го игра првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство кое се одржува идната година. Реваншот со Словачка ќе следи в недела во Скопје, а победникот ќе патува на Мундијалот.

Македонија е фаворит на овој двомеч, но Словачка планира да направи се што може за да ги помати сметките на црвено-жолтите за пласман на осмиот мундијал во низа.

Во тимот на Словачка владее оптимизам, откако во претходната фаза од квалификациите тесно ја совлада Украина со вкупен резултат 58-56.

Словаците знаат дека во реваншот во Скопје ќе бидат под голем притисок затоа посакуваат победа и тоа со што поголема разлика во Прешов в четврток.

– Немаме што да изгубиме, мора да ги оставиме срцата таму (во Скопје н.з.). Знаеме каква е атмосферата таму, ќе биде уште потешко. Ако сакаме да размислуваме за пласман, мора да избориме добар резултат од домашниот натпревар – нагласи голманот Марјан Жернович, кој игра за унгарски Будај Фаркасок.

Томаш Сметанка, средниот бек од словачкиот клуб Бојнице, смета дека Словачка може да ја изненади Македонија.

– Тие ќе бидат фаворити, тие се искусни, играа и на претходното Европско првенство. Сепак и ние имаме квалитет, можеме да ги изненадиме. Ни недостасуваат некои играчи, но тоа е спортот, мечот почнува од 0-0. Мора да ги третираме како Украина, да се браниме добро, а голманот мора да фати нешто – рече 23-годишниот ракометар на Словачка.

РФМ: Во продажба билетите за натпреварот Македонија – Словачка за пласман на СП 2027

ФОТО | Ракометарите летнаа на мундијалска битка во Прешов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот