Фото: Ракометна федерација на Македонија

РФМ: Во продажба билетите за натпреварот Македонија – Словачка за пласман на СП 2027

Од денеска, 8 мај 2026 година, официјално се пуштени во продажба билетите за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2027 помеѓу машките ракометни сениорски репрезентации на Македонија и Словачка, информираат од Ракометната федерација на Македонија.

Овој реванш дуел од мундијалскиот бараж ќе се игра на 17 мај 2026 (недела) со почеток од 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Билети за овој меч во Скопје се по цена од 400 и 500 денари.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на MK Tickets на следниот линк ТУКА

Потсетување, дека првиот натпревар од баражот за СП ќе се игра на 14 мај во Прешов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот