Можеби некој сакаше да го намести Камчев, тврди Кацарска

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Судијката Добрила Кацарска во вчерашното интервју во емисијата „360 степени“ рече дека Камчеви не барале правни совети од неа за случајот „Рекет“.

– Ниту мајката на Орце, Ратка Камчева, со која сум премногу блиска, секој ден се слушаме и гледаме, не ми спомнала ништо за случајот – вели Кацарска.

Кацарска рече дека доколку Орце Камчев и кажел дека му бараат пари, таа ќе го советувала да не дава. Вели дека можеби и некој сакал да го намести Камчев дека нуди мито.

– Ако ми кажеа дека му бараат пари, јас ќе го советував да не дава. Од друга страна, можеби и некој сакаше да го намести и да рече дека тој нуди парични средства. Треба да им бидам благодарна што не ме вмешаа. А, факт е дека јас бев постојано со неговата сестра и мајка додека беше во притвор – вели Кацарска.

Кацарска вели дека е за ветинг во судството и дека тоа не го смета за притисок врз судството. Таа смета дека за ветинг не е потребна промена на Уставот и дека проверката на имотот на судиите може да започне и со Антикорупциската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот