Може ли повторно да се заразите со коронавирус? Експертите сметаат дека тоа е „малку веројатно“

Фото: Профимедиа

Кога доктор од Њу Џерси тврдел дека неколку пациенти кои го прележале коронавирусот се повторно заразени, колегите биле непријатно изненадени.

Еднакво непријатно се чувствувала и мајка од Лос Анџелес која била повторно заразена само неколку недели по закрепнувањето, а додека од различни краеви на светот пристигнувале изјави на лекари дека „повторното заразување со коронавирусот било реалност, и притоа дека другиот случај на инфекцијата е полош“, многу веќе биле загрижени.

Ваквите вести, како и тие дека колективниот имунитет во случај на коронавирусот останува недостижна цел, ги разбудиле најдлабоките стравови на луѓето дека постојано повторно ќе бидат изложени на коронавирусот, и тоа со се потешка клиничка слика со секоја нова зараза.

Меѓутоа десеттина експерти кои работат на проучување на различни вируси сметаат дека вестите за реинфекција со коронавирусот, особено оние со тешка клиничка слика е без темелни докази, пренесува Њујорк тајмс.

„Немам чуено за случај каде такво нешто е навистина недвосмислено докажано“, рекол епидемиологот на Школата за јавно здравје на Харвард д-р Марк Липстик.

Останатите експерти исто така сметаат дека „коронавирусот, на основа на седуммесечното искуство, се однесува како и останатите вируси“, нагласувајќи притоа дека имунтитетот на стадото може да се постигне со вакцинација“.

Тие наведуваат дека постои можност од повторна зараза со коронавирус, но дека е мала веројатноста дека тоа ќе се случи во краток временски период меѓу двете инфекции, како и дека притоа пациентот ќе развие тешка клиничка слика.

Поверојатно е, како што велат тие, дека станува збор за заостанат тек на инфекцијата, кој се појавува по месец дена од почетните симптоми.

„Луѓето инфицирани со коронавирусот обично произведуваат имунолошки одговори – антитела. Неколку научни тимови досега известија дека нивото на антитела опаѓа по два до три месеци. Меѓутоа, падот на антителата по запирање на акутната  инфекција е сосема нормална појава“, дополнил имунологот и професор на Харвард д-р Мајкл Мина.

Кога е безбедно да бидете во близина на лице што закрепнало од ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот