МОТО ГП: Триумф на Милер во Ле Ман
Возачот на Дукати, Џек Милер дојде до втората победа по ред откако славеше на трката за Големата награда на Франција која е петта во шампионатот. Милер исто така победи минатата недела во Херес.
Препорачано
VIVA ✌️#FrenchGP ?? pic.twitter.com/5677RlViUZ
— MotoGP™? (@MotoGP) May 16, 2021
Успехот на Милер добива на тежина бидејќи во променливи услови на патеката во Ле Ман да одработи две казни, а стана и втор возач од Австралија по Кејси Стонер од 2012 година, кој успеал да дојде до две победи по ред.
На второто место се пласира возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко кој имаше четири секунди заостаток, а последното место на победничкиот подиум му припадна на возачот на Јамаха, Фабио Квартараро.
Building a new golden era for France in #MotoGP ??#FrenchGP ?? pic.twitter.com/MUP63QRezV
— MotoGP™? (@MotoGP) May 16, 2021
Во генералниот пласман на лидерската позиција се врати Квартараро со 80 бодови, додека Франческо Бањаја има поен помалку, а Зарко е на третото место со 68 бодови. Следната трка ќе се вози на 30 мај за трката на Големата награда на Италија на „Мугело“.


