Мото ГП: Пол позицијата во Остин за Хорхе Мартин

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин доминираше во квалификациите во Остин/фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на САД што ќе се вози во Остин во Мото ГП класата.

Најдоброто време на Мартин во квалификациите изнесуваше 2:02.039 минути што претставува нов рекорд на патеката кој седум години беше во сопственост на Марк Маркез.


Второто место му припадна на Џек Милер кој задоцни само три илјадити делови од секундата, додека на третото место заврши Франческо Бањаја со 128 стотинки заостаток зад Мартин.

Четврто најдобро време имаше Жоан Зарко, петти беше Енеа Бастијанини, а шести шампионот Фабио Квартараро. Марк Маркез квалификациите ги заврши на деветтата позиција, додека победникот од претходната трка, Алеш Еспаргаро ќе стартува од 13 позиција.

Трката во Остин во Мото ГП класата се вози утре вечер со почеток од 20 часот по средноевропско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот