МОТО ГП: Победа на Квартараро, Маркес се врати со седмото место

epa09143300 French rider of Monster Energy Yamaha MotoGP team, Fabio Quartararo (R) and Spanish rider of Suzuki Ecstar team,Alex Rins (L), in action during the MotoGP Motorcycling Grand Prix of Portugal at Algarve International race track in Portimao, southern Portugal, 18 April 2021. EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро победи на третата трка во Мото ГП шампионатот кој се возеше за Големата награда на Португалија.
Французинот на патеката „“Алгарве’ дојде до втората победа по ред, а вкупно шеста во кареирата и воедно на својот тим му ја донесе третата победа во третата трка.

Клучниот момент кој го одлучи победникот се случи на седум кругови до крајот на трката кога Квартараро беше во битка за првото место со Алекс Ринс од Сузуки кој направи грешка и излета од патеката и тоа во моменти кога беше убедливо најбрз.


До крајот на трката Квартараро немаше закана за првото место бидејќи второпласираниот Франческо Бањаја задоцни пет секунди, а третото место му припадна на шампионот Жоан Мир.
Покрај Квартараро, трката во Португалија ја одбележа и враќањето на осумкратниот светски шампион Марк Маркес кој по пауза од девет месеци се врати на патеките и го освои седмото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот