Мото ГП: Петручи најдобар на дождливата трка во Ле Ман

epa08734361 Italian Moto GP rider Danilo Petrucci of Ducati Team during the Qualifying session of the French Motorcycling Grand Prix in Le Mans, France, 10 october 2020. The Motorcycling Grand Prix of France will take place on 11 October 2020. EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Возачот на Дукати, Данило Петручи триумфираше на 10. трка во Мото ГП шампионатот која се возаше за Големата награда на Франција.

Италијанецот се покажа како најснаодлив на доздчивата трка во Ле Ман и дојде до првата победа сезонава, а втора во кариерата во Мото ГП класата.

На второто место се пласира Алекс Маркез од Репсол Хонда, за кого ова е прв победнички подиум во најсилната класа, а последното место на подиумот му припадна на возачот на КТМ, Пол Еспаргаро.

Петручи возеше одлично од самиот почеток на трката па се до крајот и многу брзо успеа да се најде на лидерската позиција.

Во најголем дел од трката, ривали за првото место му беа клупскиот колега Андреа Довициозо и возачот на Прамак Дукати, Џек Милер. До средина на трката на водечката тројка им се приклучија и Алекс Ринс од Сузуки и Маркез, но потоа почнаа возбудувањата. Прв од групата испадна Милер поради проблеми со моторот, а потоа и Ринс излета од патеката. Во тие моменти Петручи ја направи одлучувачката предност која му ја донесе победата на крајот.

Во последните три круга, неговиот клупски колега Довициозо беше поминат и од Маркез и од Еспаргаро и остана без подиум и трката ја заврши на четвртото место. Разочарувачки виденд во Ле Ман имаше Валентино Роси кој уште на самиот старт излета од патеката и трета трка по ред не успева да ја заврши.

Во генералниот пласман лидер во Фабио Квартараро со 115 бода, 10 повеќе од Жоан Мир и 18 од Довициозо.
Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози наредниот викенд за Големата награда на Арагон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот