Мото ГП: Маркес победник на трката во Германија
Возачот на „Репсол Хонда“, Марк Маркес дојде до својата прва победа после 19 месеци откако славеше на осмата трка во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Германија.
Осумкратниот светски шампион 11 пат во низа триумфираше на „Сахсенринг“, осмипат во кралската класа, и го постигна најдобриот резултат откако на отворањето на минатата сезона претрпе скршеница на надлактицата, поради што девет месеци беше надвор од патеката.
Ја забележа 57-та победа во Саксонија во најсилната категорија, а вкупно 83-та во кариерата.
Маркес мина низ целта со предност од една и пол секунда пред Мигел Оливеира од „КТМ Рејсинг“, додека возачот на „Јамаха“, Фабио Квартараро се најде на третото место на подиумот.
Алекс Ринс, Хорхе Мартин, Такааки Накагами, Валентино Роси и Лука Марини исто така освоија бодови.
Квартараро сега води во генералниот пласман со 131 поен, 22 повеќе од Зарко и 31 од Милер. Шампионатот во Мото ГП продолжува следниот викенд во Асен со ГН на Холандија.