Мостот од руското копно до Крим вечерва е затворен, тревога во Севастопол на Крим

фото: Телеграм, Украина го нападна Крим

Воздушна тревога вечерва во градот Севастопол на Крим, објавија британските медиуми, пренесе БТА, а објави Гувернерот назначен од Москва, Михаил Развозаев.

Сообраќајот на мостот што го поврзува руското копно со полуостровот Крим е привремено прекинат.

На 22 септември најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол.

-За време на воздушната тревога, морскиот и копнениот јавен превоз престануваат со движење, пренесоа руските медиуми.

Гувернерот на Телеграм објави дека руските сили за воздушна одбрана собориле проектил во близина на аеродромот Белбек.

-Според прелиминарните податоци, силите за воздушна одбрана собориле еден проектил во областа на аеродромот Белбек. Работата продолжува, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот