Морате да го пробате – Направете си за денес превкусен тарт со спанаќ
Израдувајте ги домашните денес со овој превкусен тарт со спанаќ, верувајте, морате да го пробате…
Препорачано
Состојки:
За тесто:
150 милилитри масло за јадење
5 лажици вода
малку сол и шеќер
300 грама брашно
За фил:
3 јајца
500 грама спанаќ
1 лажица масло
200 грама сирење
ким или сусам
Подготовка:
Измешејте ги во два посебни сада, течните и сувите состојки. Потоа, сите течни состојки загрејте ги на оган а потоа започнете да ги додавате и сувите состојки мешајќи цело време со голема брзина за да не дозволите во тестото да ви се формираат топчиња. Уште додека е топло вака подготвеното тесто, ставете го во соодветен сад за подготовка на тарт и оставете го да се пече во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 10 минути.
Додека тестото се пече, на тивок оган запржете го спанаќот со маслото, додадете ги јајцата и кимот или пак сусамот, промешајте и тргнете од оган. Полупеченото тесто наполнете го со овој фил, декорирајте по желба и вратете го тартот во рерна за да се допече.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


