Момче од Флорида ја избодело својата мајка додека таа спиела, во истата соба било и новороденче старо 14 дена

Момче од Флорида ја избодело својата мајка додека таа спиела, се соочува со доживотна казна затвор / Фото Колаж на СП/ ЕПА / Твитер

Тринаесетгодишно момче од Флорида, обвинето дека со нож ја избодел својата мајка додека спиела, е обвинет за тешко убиство. Дерек Роса наводно ја убил својата мајка на 12 октомври во нивниот стан во Хиалеа пред нејзиното новороденче. Роса е обвинет за убиство од прв степен од страна на големата порота во округот Мајами Дејд, која го проследила неговиот случај до системот на кривични суд за возрасни, објави Ен-Би-Си.

Роса го имал своето прво судење во петокот на сослушување за кауција. Тој бил задржан без обврзница и префрлен во малолетнички притвор. На рочиштето во негово име сведочеле неговиот татко и баба со надеж дека судијата ќе го пушти во домашен притвор.

Полицијата во Хиалеа соопшти дека трагедијата се случила околу 23:30 часот на 12 октомври и дека полицајците реагирале откако добиле повик од тинејџер кој рекол дека ја убил својата мајка. Полицајците ја пронашле неговата мајка (39) мртва во спалната соба до креветчето каде било пронајдено неповреденото дете старо само 14 дена.

Снимката од повикот во полиција до која дојде Ен-Би-Си открива дека Роса го фотографирал телото на неговата мајка и ги испратил на пријател на социјалните мрежи. На аудио снимката се слуша како Роса барал од службеничката да испрати полиција во неговиот дом, но велел дека не си ја знае адресата.

Гласот му бил забележливо растреперен. Операторот од полицијата го прашал: „Треба да знам дали вашата мајка дише“, на што тој одговорил: „Госпоѓо, таа е мртва“, додавајќи дека има „крв на подот“.

Тој рекол дека неговата новородена сестра спиела во нејзиното креветче. На прашањето дали ја повредил, тој одговорил: „Не ја допрев, не сакав да ја допрам сестра ми“.

Роса кажал дека неговиот очув имал два пиштоли, еден што го зел со себе од куќата и еден што го оставил во куќата. Тинејџерот објаснил дека сакал да се самоубие и го наполнил пиштолот, но сепак не можел и го оставил на масата.

„Госпоѓо, фотографирав сè и му кажав на мојот пријател за тоа. Дали е тоа лошо?” прашал тој.

Тој вели дека не го знае вистинското име на својот пријател, но дека играл онлајн игри со него: „Не ги избришав сликите од телефонот, туку му ги испратив, му кажав дека ми е жал и се поздравив со него“.

Службеникот го прашал зошто ја убил мајка си, но неговиот одговор не се слушнал. Во еден момент службеникот прашал: „Ти и го пресече вратот? Каде на друго место ја избоде освен што и го пресече вратот?“ но неговиот одговор бил отстранет.

Официјалните лица рекоа дека новороденчето е негова полусестра, а сопругот на мајката е очувот на тинејџерот, кој бил надвор од домот кога се случило убиството.

Во писмата до судот, таткото на Роса го опишал својот син како почитуван ученик кој бил добро дете, популарен меѓу неговите пријатели. Неговиот татко признал дека не знаел што довело до нападот, но рече дека тоа што бил војник го научило неговиот син на добри вредности.

Адвокатот на Роса во неделата рече: „Мојот клиент Дерек има силна поддршка од целото негово семејство. Важно е да се запамети дека пред само два месеци Дерек беше 12-годишно дете. Имаме целосна доверба во системот на кривичната правда и во правен процес“.

На Роса му се заканува доживотен затвор доколку биде прогласен за виновна, бидејќи Врховниот суд на САД пресуди дека смртната казна за малолетниците е неуставна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот