Фото: ТВ21 / скриншот

Момче е уапсено на вчерашната блокада на „Пластичарска“

24-годишен учесник на вчерашната блокада на „Пластичарска“ е уапсен откако нападнал полицаец, соопшти МВР.

– Нападот се случил додека полицискиот службеник извршувал службени дејствија, односно регулирал сообраќај за време на одржување протест. Повредениот полицаец бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди – соопшти полицијата.

По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Жители на Серава немаат струја и ја блокираа „Пластичарска“, од ЕВН велат: Вработените трпат закани, наголемо се краде

Жители на населбата Серава во Чаир веќе трет ден се без струја, поради дефект кој, според нив, ЕВН не го санира и тие вчера го блокираа сообраќајот на улицата „Пластичарска“.

Граѓаните кои ја блокираа улицата за телевизијата „21“. велат дека немаат намера да отстапат додека дефектот не се санира. Тие дури обвинија дека дефектот е намерно оставен несаниран, за тие да биле без струја во студените ноќи и пред празниците.

Од компанијата велат дека сè додека екипите немаат пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, ќе биде невозможно да се санираат дефектите, кои според нив ќе продолжат да се појавуваат како последица на пренатрупаност од диви приклучоци. Според ЕВН, во овој регион, загубите на струја надминуваат 70%, додека наплатата е само 60% од потрошувачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот