Фото: ТВ21 / принтскрин

Жители на Серава немаат струја и ја блокираа „Пластичарска“, од ЕВН велат: Вработените трпат закани, наголемо се краде

Жители на населбата Серава во Чаир веќе два дена се без струја поради дефект, за кој велат дека ЕВН не го санира. Тие денес излегоа и ја блокираа „Пластичарска“ во шпицот, барајќи да добијат струја, објави телевизијата „21“.

Граѓаните кои ја блокираа улицата за телевизијата велат дека немаат намера да отстапат додека дефектот не се санира. Тие дури обвинија дека дефектот е намерно оставен несаниран, за тие да биле без струја во студените ноќи и пред празниците.

„Луѓе парализирани, има деца што се тресат цела ноќ, со кислородни маски кои се активираат со струја, мора да преживеат некако! Колку домови има приближно? Околу 300 во населбите Серава, Гази Баба, Пластичарска. Тие плаќаат по 1.200 евра, а братот каде е, овој човек плаќа 1.200 евра струја“, вели еден од демонстрантите за ТВ „21“.

Од ЕВН велат дека дефектот во населбата Серава постои од неделата и оти не се знае кога ќе се санира.

„Подолг период жителите на улиците „Исмаил Кадаре“ и „Кумбара“ го попречуваат проектот за реконструкција на мрежата и преместување на мерачите. Кон екипите на компанијата постојано се упатуваат вербални закани, што целосно го оневозможува функционирањето“, велат од ЕВН Хоум.

Од компанијата велат дека сè додека екипите немаат пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, ќе биде невозможно да се санираат дефектите, кои според нив ќе продолжат да се појавуваат како последица на пренатрупаност од диви приклучоци. Според ЕВН, во овој регион, загубите на струја надминуваат 70%, додека наплатата е само 60% од потрошувачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот