„Молчењето не е опција, ЕУ мора да дејствува“: Европските Зелени бараат ЕПП да престане да го штити Вучиќ

По насилството за време на вчерашните локални избори во Србија, Европската зелена партија ја повика Европската народна партија (ЕПП) да престане да го штити српскиот претседател Александар Вучиќ и да го смета за одговорен, пренесуваат српските медиуми.

„Европската унија мора да дејствува решително. Она што го видовме за време на локалните избори во Србија во недела беше недемократско и неприфатливо. Тоа укажува на системски напор за поткопување на интегритетот на изборниот процес“, рече Киран Кафи, копретседател на Европската зелена партија.

Во соопштението на Европската зелена партија се наведува дека локалните избори во Србија беа обележани со извештаи за заплашување, насилство и сериозни нерегуларности. Тие известуваат дека вооружени и маскирани групи слободно се движеле во неколку општини, таргетирајќи гласачи, новинари и набљудувачи.

За Европските зелени, недостатокот на реакција од српските власти е подеднакво алармантен.

„Во бројни случаи, полицијата не го спречи насилството или воопшто не интервенираше, што предизвикува сериозна загриженост во врска со заштитата на основните права и владеењето на правото. Ова не се изолирани инциденти. Тие претставуваат јасно и опасно влошување на демократските стандарди под власта на српскиот претседател Александар Вучиќ, чија партија, СНС, е членка на Европската народна партија (ЕПП)“, истакнува Европската зелена партија.

Европската зелена партија предупредува дека е време Европската народна партија да ги извлече потребните заклучоци и да престане да го штити Александар Вучиќ во рамките на своето политичко семејство.

„Континуираната политичка заштита е некомпатибилна со вредностите за кои ЕУ тврди дека се залага. Молчењето не е опција. Европската Унија мора да дејствува решително“, велат Европските зелени.

ВИДЕО | Маскирани луѓе тепаа новинари и студенти, полицијата апсеше мирни граѓани: Изборите во Србија не поминаа баш во демократска атмосфера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот