Моќта на утринското кафе: Италијанците ја знаат тајната – Мока кафе

мока кафе
Фото: Profimedia

Мока ѓезвето е апарат кој е еден од основните елементи на италијанската култура, во кој кафето се подготвува со пропуштање врела вода под притисок на пареа низ меленото кафе.

Именуван е по јеменскиот град Моча (Mocha) и е измислен од италијанскиот инженер Алфонсо Бјалети во 1933 година. Мока ѓезвето брзо стана еден од основните елементи на италијанската култура. Покрај Италија, денес често се користи во европските земји и Латинска Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ahpou

Како функционира мока ѓезвето?

Мока ѓезвето може да се најде во различни големини, а мерката за едно кафе е 50 мл. Може да се користи на електрични или рингли на гас, и традиционално е направено од алуминиум, иако понекогаш се изработува од нерѓосувачки челик или други легури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Marković (@sedmogjula10)

Долниот сад има на страна сигурносен вентил за ослободување на пареата, и до тој вентил се полни со вода.

Инката е сад во кој се става мелено кафе. Инката има филтер низ кој минува вода од долниот сад.

Горниот дел има друг метален филтер на дното. Горниот дел е цврсто се завртува до основата пред да се стави на ринглата и таму се собира кафето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Speedmaster (@speedmaster)

Кога ѓезвето ќе се стави на соодветен извор на топлина, водата се доведува до точка на вриење и се создава пареа во долниот сад. Пареата достигнува доволно висок притисок за постепено да ја турка врелата вода низ инката и преку кафето во горната комора, каде што се собира свареното кафе. Кога долната комора е речиси празна, меурчињата од пареа се мешаат со водата што тече низводно, создавајќи карактеристичен шум, а потоа варењето треба да се прекине со тргање настрана на ѓезвето од ринглата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @saltshowerxy

Вкусот на кафето зависи од видот на употребеното зрно кафе, и секогаш е потребно да се нагласи при купувањето дека кафето ќе се користи за мока ѓезве, со цел да се смелат зрната до соодветна големина. Не може да се користи обично ситно мелено кафе.

Типичното кафе од мока се вари при релативно низок притисок од 1 до 2 бари, додека стандардот за еспресо кафе е 9 бари. Затоа кафето од мока не се смета за еспресо, и има различни карактеристики на вкус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banlang n. (@banlangnam)

Мока ќезвето е неизбежно за подготовка на кафе во Италија, а во последно време добива сè поголема популарност во другите земји, особено имајќи ја предвид сега ограничената работа на кафулињата. Со мока ѓезвето, можете да направите богато, миризливо кафе дома, нешто слично како еспресо, без скапи машини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goodja Coffee (@goodja_coffee)

Одржување

Добро измијте ги сите елементи на ѓезвето по употреба, бидејќи остатоците од кафето можат да го расипат вкусот за време на следното готвење. Филтерот од долната страна се отстранува со отстранување на гумениот прстен и многу лесно се чисти од двете страни.

Кога гумениот прстен е нов, може да го смени вкусот на кафето, затоа се препорачува да се проврие  вода неколку пати претходно, со цел да се отстрани мирисот на гума.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот