Мојсовски: Сугестија од АМС, што повеќе да има застапеност на жените во УО на РФМ!

Фото: macedoniahandball.com.mk

Во текот на денешното редовно Изборно собрание на Ракометната федерација на Македонија беа споделени и предлози, сугестии..

Една од нив дојде од Агенцијата за млади и спорт, сугестијата на директорот Наумче Мојсовски е што повеќе да има застапеност на жените во Управниот одбор на федерацијата.

– Сугестија од АМС, што повеќе да има застапеност на жените во УО. Нашата цел со следните четири години е жените да бидат рамноправни со мажите во спортот и во ракометот – вели Мојсовски.

Покрај новата поддршка која ја доби Живко Мукаетов како прв човек на македонскиот ракомет, беше составен и Управниот одбор, како и Надзорната комисија на РФМ.

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Металург и Вардар, Мирјета Бајрамоска (36) е нов член на УО на РФМ.

Таа и натаму останува активна во ракометот, но сега во поинаква улога. Како професионална ракометарка ги бранеше боите на нашата најдобра женска репрезентација, настапувајќи на позицијата лев бек.

Мукаетов: Подобро да работиме со младите, свесни дека има простор за напредок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот