Мукаетов: Подобро да работиме со младите, свесни дека има простор за напредок

фото: Фејсбук

Денеска во хотелот „Александар Палас“ e редовното Изборното собрание на кое само се потврдува поддршката на досегашниот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.

Од вкупно 54 делегати присутни беа 51 и Собранието обезбеди услови да одлучува, со нови заклучоци.

Верификационата комисија констатираше дека Мукаетов е единствен кандидат за претседател на федерацијата.

Официјално ќе остане и во наредните четири години како прв човек на македонскиот ракомет, односно според новиот мандат до 2025 година.

– Сакам да се заблагодарам на довербата и соработката. Ветувам дека ќе продолжиме заедно да работиме. Свесни сме дека има уште простор за напредок. Свесни сме дека треба подобро да работиме со младите. Ајде сите заедно да работиме на подобра сегашност и иднина на македонскиот ракомет – изјави Мукаетов.

Воедно и го коментираше настапот на македонските репрезентативци на Светското првенство во Египет.

– Боли начинот на кој ги претрпевме поразите, односно начинот на кој некои репрезентативци го носеа дресот на Македонија. Навистина тоа што се случи во Египет беше болно за гледање. Пандемијата на коронавирусот остави трага, но тоа не треба да биде оправдување. Потребни се коренити примени – вели Мукаетов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот