Мојсовски го прими бронзениот Аземи: Медалот на Ардијан влева надеж дека боксот се враќа таму каде што му е местото

Освојувачот на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци кое минатата недела се одржа во Будва, Ардијан Аземи, денеска беше примен во Агенцијата за млади и спорт.

– Паузата во освојување на европски одличја беше навистина долга, и од таа причина бронзата на Ардијан влева надеж за враќање на боксот онаму каде што му е вистинското место, на врвот на спортовите во нашата земја, а неговите 17 години се доказ дека популарноста на боксот се враќа кај младите – изјави директорот на АМС, Наумче Мојсовски.

Тој додаде дека поддршката која АМС ја обезбедува за Боксерската федерација на Македонија, како и посветеноста во работата на челниците на федерацијата, на чело со претседателот Примислав Димовски, ќе обезбедат услови за спортување на млади боксери кои еден ден ќе станат: Русески, Мумин, Димовски…

Рустеми рече дека АМС како институција гарантира поддршка за успехот на секој спортист во нашата земја, бидејќи шампиони како Ардијан Аземи и многу други, ја прават нашата земја позната низ целиот свет.

Стипендистот на АМС Аријан Аземи изрази благодарност до Агенцијата за млади и спорт, членовите на стручниот штаб, потенцирајќи дека освоениот медал е мотив повеќе за понатамошна посветеност, која ќе биде ставена на тест на претстојното светско првенство закажано за Април 2021 во Киелце.

Првиот човек на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски е горд од постигнатиот резултат.

– Иако боксот во државава имаше поддршка во изминатиов период, резултатите изостануваа, и од таа причина сум посебно горд на освоениот медал на Аземи, истакна Димовски.

Тој додаде дека верува во континуирана успешна соработка и со новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот