Фото: EPA/GIUSEPPE LAMI

Модриќ има двојна скршеница — нема да игра за Милан до крајот на сезоната

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ предвреме ја завршува сезоната во дресот на Милан, откако на дербито против Јувентус се здобил сериозна повреда на лицето.

Денешните лекарски прегледи покажале двојна скршеница на јаболчницата, што значи дека искусниот играч нема да биде во комбинација за настап до крајот на сезоната. Сепак, според хрватските медиуми, неговото учество на Светското првенство засега не е доведено во прашање.

Повредата Модриќ ја заработи по судир со глава со Мануел Локатели на околу десет минути пред крајот на натпреварот. Додека Локатели помина без последици, Модриќ беше принуден да го напушти теренот.

Засега останува неизвесно дали ќе биде потребен оперативен зафат или ќе се пристапи кон конзервативен третман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот